Македонија на 16. ноември му гостува на Лихтенштајн во Вадуц, па припремите за овој меч ги има во Швајцарија. Фудбалерите веќе го имаа првиот тренинг, а од денеска ќе бидат комплетни откако Горан Пандев ќе му се приклучи на тимот.
Елиф Елмас поради болка во грбот и Дени Илиев поради болка во рамото тренираат со помал интензитет.
„Не очекуваат два натпревари, последни за нас во групата од Лига на нации, но сега сме фокусирани на дуелот со Лихтенштајн. Очекуваме да го потврдиме првото место во групата, со наша добра игра и освојување на три бода од Вадуц. Мислам дека сме во добра форма и очекувам подобро издание на Македонија во однос на предходниот месец. Со две победи ние сме први во групата и во тоа треба да веруваме. Секако, овој дуел ќе биде сосема различен од меѓусебната пресметка во Скопје. Мора да ја преземеме иницијативата и поседот на топка, но исто така да бидеме внимателни, изјави Бобан Николов.
„Овој натпревар е ново докажување за нас. Треба да покажеме карактер и да победиме против Лихтенштајн. Лихтенштајн е важен и за враќање на позитивните резултати, имаме многу мотиви да се покажеме во најдобро светло и да го потврдиме првото место во групата. Се надевам дека ќе успееме во тоа, мал притисок постои, но сето тоа е добро за да бидеме сконцентрирани на подготовките, а посебно на мечот во Вадуц, изјави Стефан Спировски.
Обложувајте се онлајн на натпреварите од Лига на нации на BetAdria и 1xBet.