Германскиот
весник, кој е дел од медиумите кои ги истражуваат документите од Фудбал Ликс,
објави дека Реал Мадрид во 2013 имал сензационален план да го ангажира Лео
Меси.
„Кралевите“ биле
подготвени со 250 милиони евра да ја активираат откупната клаузула на Лео Меси,
и за ваквата намера го известиле адвокатот на играчот, кој потоа предлогот го
пренел до Аргентинецот и неговиот татко.
Реал Мадрид на
Лео Меси му ветил плата од 23 милиони евра, а богата ќе го наградел и неговиот
татко, кој ќе „лапал“ по еден милион евра секоја година.
Шпигел додава
дека планот на „Кралевите“ бил и малку нобичен, средбата на која требале да се
потпишат документите требала да се случи во воздух, поточно во приватен авион
во кој ќе биле само играчот, неговиот агент, претседателот Флорентино Перез,
тогашниот спортски директор Мигел Пардеза и адвокат на клубот.
Реал Мадрид исто
така на Лео Меси му ветил дека ќе го искористи својот статус за да изврши
притисок и да исчезне проблемот на играчот со даночните власти.
На прашањето за
ваквата сторија, коментарот на Реал Мадрид е дека „овие информации немаат
никаква врска со реалноста, и се целосно лажни“.
Во 2013,
„Кралевите“ донесоа галактико засилување во името на Герет Бејл.