Медиумите од
Шпанија одново пишуваат за интересот на Реал Мадрид за Давид Де Геа и
најавуваат дека „Кралевите“ ќе го купат голманот по крајот на сезоната.
Но шпекулациите
не го загрижуваат Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед вели дека е
добар пријател со лидерите на Реал Мадрид, па доколку има нешто тие ќе му се
јават него.
„Господинот Перез
и неговата десна рака Хосе Анхел Санчез ми се пријатели, добри пријатели” – вели „Специјалниот“.
„И пријателите
разговараат, пријателите се отворени, пријателите се искрени”.
„Па доколку по
крајот на сезоната сакам некој нивни играч или пак тие сакаат некој наш играч,
нема да го правиме тоа преку медиумите”.
„Нема преку
весниците да разменуваме пораки”.
„Ќе разговараме
директно. Па затоа Реал Мадрид воопшти не ме загрижува”.
Запрашан
конкретно за иднината на Давид Де Геа на Олд Трафорд, Португалецот оговори: „Не
сакам да зборам за хипотетички работи. Можам да кажам само дека тој е наш играч”.
„Јас сум среќен
со него и знам дека тој е среќен со нас, и апсолутно нема ништо друго”.