„Црвените“ брзо
се рехабилитираа по поразот од Манчестер јунајтед, вечерва пред своите фанови
забележаа убедлива победа во дуелот со Ватфорд.
Мечот помина во
знакот на Мохамед Салах, Египјанецот дури во четири наврати ја тресеше
противничката мрежа.
Резултатот беше
отворен по само 4. минути, Салах ја измеша одбраната на гостите, му ја скрши
кичмата на Бритос и реализираше за 1-0. Кон финишот на првиот дел, Египјанецот
само рутински ја смести топката во мрежата по перфектното додавање од
Робертсон.
На стартот од
вториот дел веќе беше 3-0, Салах овој пат беше во улога на асистент а Фирмино
со пета го матираше голманот на Ватфорд.
Во завршницата,
гостите капитулираа уште два пати. Салах најпрво во 77. минута одлично се
снајде и погоди со шут по земја во момент кога беше опкрушен од четворица
противнички играч, за потоа во 85. минута да се најде на право место во право
време и една одбиена топка да ја забие во мрежата.
Со своето шоу,
Салах го надмина достигнувањето на Торес и стана играчот со најмногу голови во
својата дебитанска сезона за Ливерпул. Египјанецот исто така направи значаен
исчекор во трката за прв стрелец во Премиерлигата.