87
Македонецот се
почесто е во центарот на вниманието по одличната деби сезона во Серија А, во
која до овој момент постигна 9 погодоци.
Голем број на
клубови го следат Илија Несторовски, се говори дека Севиља и Атлетико Мадрид се
последни кои пројавиле интерес, а тоа само му оди во полза на сопственикот на
Палермо.
Маурицио
Ѕампарини го донесе напаѓачот за само 500.000 евра, а сега гордо вели дека
„Нестогол“ вреди 20 милиони евра.
„Несторовски го
плативме 500.000 евра а сега вреди помеѓу 15 и 20 милиони евра” – вели сопственикот на Палермо.
„Ми го препорача
пријател од Хрватска, кој претходно не советуваше да ги купиме Јосип Посавец и
Александар Трајковски.”