Нови прашалници
за тоа колку навистина „тежи“ новиот сопственик на Милан. По сторијата на
Њујорк Тајмс дека Јонгхонг Ли лажел и не ги поседува рудниците со фосфор за кои
тврдел дека му го донеле богатството, Кориере дела Сера сега излезе со
истражување кои е уште позагрижувачко.
Весникот пишува
дека Јонгхонг Ли е банкротиран и дел од неговиот имот ќе биде ставен на аукција
на Тоабао, кинеската верзија на Ибеј.
На продажба оди
компанијата Жухаи Жонгфу, во која холинг компанијата на Јонгхонг Ли поседува
11.39%. Таа е проценета на околу 60 милиони евра пари со кои треба да се
компензираат две банки, Џиангсу и Кантон.
Регулаторната
комисија на Кина исто така започнала и истрага против холдинг компанијата на
Јонгхонг Ли (Шенжен Џие Анде) бидејќи таа со месеци криела дека е во банкрот.
Јонгхонг Ли во
април ја комплетираше зделката со која за 740 милиони евра го купи Милан од
семејството Берлускони. Според Кориере дела Сера, само 100 милиони биле од имотот
на бизнисменот, 300 се позајмица од фондот Елиот а 340 милиони евра се од
офшорт фондови.
Она што можеби е
позагрижувачки во извештајот на Кориере дела Сера е тоа што Јонгхонг Ли веќе
бил несолветен пред да го купи Милан, процесот за банкрот започнал многу порано
но рочиштата се одложувале поради жалби.
Весникот додава
дека во Каса Милан е мирно и тивко бидејќи парите пристигнале и Ли ги исполнил
сите обврски (изминатово лето „Росонерите“ го одврзаа ќесето како никогаш
претходни и потрошија преку 200 милиони евра за засилување).
Па во моментов
„Росонерите“ не се загрижени дека и тие би можеле да завршат на аукција на
Тоабао. Сепак долгот кон Елиот им виси над глава, и лидерите на клубот напорно
работат на пронаоѓање средства како да го рефинансираат.