Унаи Емери реши на Сантијаго Бернабеу да истрча без капитенот Тиаго Силва, а шанса не му даде ниту на Анхел Ди Марија кој игра во страшна форма во последно време.
Коцкањето на стратегот на крајот не се исплатеше, ПСЖ загуби со 3-1. Па по финишот на мечот пристигнаа критики од страна на сопругите на Анхел Ди Марија и Тиаго Силва.
„Вашиот напор + вашата екстра работа + вашите голови + вашите асистенции + се наоаѓате во најдобар момент = на клупа. Но што се разбираме од фудбал, ниe само сме жени…“ – гласеше пораката на Хорхелина Кардосо, сопругaта на Анхел Ди Марија.
Изабела да Силва не беше толку жестока во критиките и само напиша: „Тактика, тактика? Каква тактика?“. Постот беше проследен со многу прашалници и извичници.