Видео
технологијата на гол линијата наместо да им ја олесни задачата на судиите во
Франција, дополнително им го компликува животот па ЛФП реши привременод а го
суспендира „Соколовото око“.
Одлуката следи по
големиот пропуст кој беше направен на вчерашниот натпревар помеѓу Амиен и ПСЖ
во Лига Купот.
По ударот со
глава на Рабио, топката едно метро беше зад гол линијата, но часовникот на
судијата не вибрираше па за момент настана конфуција, гостите се радуваа а
домаќините тргнаа во акција.
Сепак, судијата
во консултација со помошниците сосема исправно покажа кон центарот.
Претходно
„Соколовото око“ не функционираше како што треба и на дуелот помеѓу Анжер и
Монпеље, во овој случај, часовникот на судијата вибрирал и покрај тоа што
топката со цел обем не ја помина гол линијата.