Централниот дефанзивец во јануари наполни 31 година, беше капитен на Фиорентина, имаше и 14 настапи за италијанската репрезентација. Само пред две недели стана татко.
Според италијанските медиуми тој не се разбудил утринава, починал во хотелот Ла ди Морет во Удине каде со составот на Фиорентина престојувале пред денешниот меч со Удинезе.
„Фиорентина е длабоко потресена и принудена да објави дека нејзиниот капитен Давиде Астори почина. За оваа ужасна и деликатна ситуација, а пред се за почит кон неговата фамилија, апелираме за сензитивност во медиумите“, стои во соопштението на Фиорентина.
Дуелот помеѓу Удинезе и Фиорентина е одложен, а некои медиуми пишуваат дека можно е да се одложат и другите натпревари.
Веста пристигна додека се загреваа играчите на Џенова и Каљари кои биле шокирани кога слушанле. Тој натпревар се уште не е почнат, а се чини дека нема да се одигра денес.