Рома одигра само
1-1 на гостувањето кај Болоња во редовното коло од Серија А, а покрај тоа што
не обезбеди триумф, Римската волчица го загуби и еден од своите најдобри
поединци на теренот, Раџа Наинголан.
Белгиецот го
напушти мечот во 18. минута откако се здоби се повреда, претходно се обиде да
продолжи, но увиде дека повредата е од посериозен карактер, за што сведочи и
изјавата на шефот на стручниот штаб на Рома.
„Сигналите не се
позитивни, ваквите повреди не закрепнуваат брзо, Наинголан мораше да го напушти
теренот, се обиде да продолжи, но не можеше, тоа е доволен доказ за тоа колку
оваа повреда е од сериозен карактер“ рече Ди Франческо по мечот.
Извесно е дека Белгиецот ќе паузира подолг период, а тоа што е голем хендикеп за Рома, е фактот што за дуелот против Барселона во среда, прв помеѓу овие две екипи во предвидениот двомеч од четвртфиналето од Лигата на шампионите, ќе биде ослабена за еден од своите најдобри поединци во своите редови.