Серијата
натпревар без пораз на Интер е прекината, избраниците на Спалети неочекувано
загубија на Џузепе Меаца во дуелот со Удинезе.
Гостите поведоа во 14. минута преку Кавин Лазања и најавија дека „Нероаѕурите“ ќе имаат многу
маки.
Само 120
секунди подоцна Интер изедначи, Кандрева му асистираше на Икарди за 1-1, но на стартот од
второт дел следеше нов шок.
Сантон играше со рака во сопствениот шеснаесетник,
ВАР покажа дека топката не го напушти теренот при центаршутот на Видмар па
судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше
Де Паул во 61. минута.
Интер потоа силно
притисна по изедначување, Шкринијар ја погоди пречката, а за ова промашување
казни Барак по една брза контра во 77. минута и ги реши сите дилеми околу
победникот.