95
Спортинг Лисабон славеше
со 1-3 на гостувањето кај Астана во првиот меч помеѓу овие две екипи во
шеснаесфиналето од Лига Европа, а тимот на Стефан Ристовски јуриша на уште една
победа, овој пат на домашен терен.
Нашиот репрезентативец
стартуваше од првата минута за домаќините, а неговиот соиграч Бруно Фернандеш постигна
преубав гол со кој во второто полувреме му донесе предност на својот тим од
2-1, а истиот фудбалер десет минути подоцна зголеми и на 3-1 со што Спортинг
Лисабон веќе е во осминафиналето од Лига Европа.