1,6K
Реал Мадрид и
Ливерпул на полувреме заминаа со 0-0, но мрежата на „Црвените“ се стресе кон
финишот на првиот дел.
По една нафрлена
топка, Роналдо биеше со глава, Кариус со одлична интервенција одбрани, но
Бензема прв стигна до топката и погоди за 1-0. Сепак славјето на Французинот
траеше кратко, помошникот го крена знаменцето за офсајд.
Но од повторените
снимки се гледа дека судијата требаше да реагира многу порано бидејќи и Роналдо
беше во офсајд ситуација.
Па социјалните
мрежи веднаш се активираа и критичарите на шега велат дека очигледно треба да
има два офсајди за да се поништи гол на Реал Мадрид.