Со Ибра не може поинаку, Златан закупи цела страна во весник и порача: Лос Анџелес, нема на што! (ФОТО)

by
1 минути читање

Ако некој се
сомневаже за тоа каде Ибра ќе ја продолжи кариерата, повеќе нема дилема. Самиот
напаѓач потврди дека се сели во ЛА Галакси, и одлуката ја соопшти на оригинален
начин.

Тој закупи цела
страна во весникот „Лос Анџелес Тајам“ за порака која гласи: „Почитуван Лос
Анџелес, нема на што. Златан Ибрахимовиќ“.

За својата
авантура во МЛС шампионатот, Швеѓанецот вели: „Откако долги години настапував ширум
Европа, освоив 33 трофеи, играв со најдобрите играчи во светот, сакав да дојдам
во САД и да се испробам тука. Сакам луѓето да уживаат во мојата игра и во
победите. И го одбрав Галакси. Подготвен сум за новата авантура. Доаѓам за да
играм фудбал и ништо друго. Мојата прва цел е да играм фудбал и да го правам
она во кое сум најдобар
.

„Возбуден сум од ова ново искуството со Галакси и можноста да истражам каков е фудбалт
во САД. Сакам да го направам фудбалот подобар
.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани