Вардар киксна на свој терен, а тоа го искористи Шкендија и се искачи на првото место на табелата поради подобрата гол разлика.
Вардар влезе како сериозен фаворит против Беласица, но одигра само 1-1 на свој терен. Црвено-црните имаа водство преку Дарко Мицевски уште во првото полувреме, но Струмичани со гол на поранешниот Вардарец Филип Ивановски се враќаат со бод од Скопје.
Шкеднија со убедливи 3-0 славеше над Шкупи иако играше без својот најдобар фудбалер, Бесарт Ибраими. Головите за Тетовци ги постигнаа Фазли, Емини и Алими.
Шкендија има подобра гол разлика од Вардар, но и подобар меѓусебен дуел од големиот ривал, па и покрај тоа што имаат ист број на бодови тие се први на табелата.
Во другите денешни натпревари Академија Пандев со 1-0 го совлада Работнички, Победа со 2-0 триумфираше над Силекс, а Македонија Ѓорче Петров на свој терен беше поразена од Ренова со 2-1.
Табела по 13 одиграни кола: Шкендија 28, Вардар 28, Академија Пандев 22, Победа 17, Работнички 17, Ренова 16, Беласица 14, Македонија ЃП 13, Шкупи 12, Силекс 11.