Случувањата во Арсенал неколку часа пред повлекувањето на Венгер и реакцијата на фудбалерите

by
2 минути читање

Се шпекулираше а
воедно и најавуваше веќе подолг период дека оваа сезона ќе биде последна за
Арсен Венгер на клупата на Арсенал, тоа се оствари вчера на пресконференција
каде Французинот објави крај.

Многумина не
очекуваа ваква разврска, постои веројатност тоа да е отказ од страна на клубот,
но поради фактот што Венгер е легенда на клубот, обете страни се решиле на
ваков чекор.

Интересно за
јавноста е тоа што се случувало неколку часа пред да се објави конечната
одлука, а тоа е дека Венгер се повлекува од Арсенал по цели 22 години минати во
клубот.

Венгер го собрал
целиот стручен штаб, тренерите и медицинскиот персонал, и им ја кажал веста за
неговото повлекување, потоа истото го сторил и со фудбалерите во соблекувалната
на утринскиот тренинг, неговите избраници веста ја примиле шокирачки, а имало и
солзи по неговиот говор кој бил доста емоционален.

Имаме сезона
која мораме да ја одработиме до крајот, трофеј на кој се надеваме дека ќе го
освоиме, а јас веста ќе ја објавам на пресконференцијата
“ им рекол Венгер на
своите фудбалери.

Се чини
најемотивно таа вест ја примил Пер Метерсакер, кој по говорот на Венгер станал
и на своите соиграчи им рекол
: Да го направиме горд.

И покрај тоа што
имаше медиумски претставници за време на тренингот, Арсенал ја сочува веста одвнатре
во клубот се
до
пресконференцијата.

Тоа беше многу
емотивен момент, кога Венгер го обави разговорот со нас, во моментов владее голема тага поради ова
“ рече Мертесакр.

Последните
натпревари под негово кормило ќе бидат доста емотивни, но ние мораме да дадеме
се
од себе, сакаме да
победиме на секој натпревар, сакаме да му пружиме на Арсен Венгер опростувачка
приказна која никој нема да ја заборави
“ додаде германскиот дефанзивец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани