Сликата од Емирати која говори сè за ситуацијата на Арсенал (ФОТО)

by
1 минути читање

Арсен Венгер
веројатно го преживува најтешкиот период на кормилото на Арсенал, за само
неколку дена „Топчиите“ добија нова лекција од Манчестер Сити.

Арсенал за прв
пат во својата историја прими три гола во првото полувреме на натпревар од
Премиерлигата. Клубот од Северен Лондон на домашен терен има одиграно 495
натпревари во најсилното првенство на Англија и до сега имаше загубено со три
гола разлика само на четири натпревари.

Новиот пораз исто
така значи дека Арсенал во 2018 загубил на повеќе мечеви од било кој други
клуб во Премиерлигата ако во предвид се земат сите натпреварувања.

Емирати вечерва
беше полу-празен, одново имаше транспаренти „Венгер оди си“ а домашните
фудбалери често добиваа и свирежи од публиката. Но една друга
слика најубаво говори за ситуацијата на Арсенал, Арсен Венгер беше фатен во
кадар кога на рекламното пано пред менаџерот стоеше зборот „помош“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани