„Скржавиот“ Арсенал во јануари потроши повеќе отколку сите клубови во Серија А заедно

by
1 минути читање

Според „Газета дело Спорт“, италијанските клубови во јануари потрошиле вкупно 50 милиони евра. Јувентус, Интер, Рома, Лацио, Милан и Наполи не го одврзаа кесето за да ги засилат своите тимови.

За разлика од нив, англиските клубови потрошија вкупно 492,5 милиони евра, што е речиси десет пати повеќе од италијанските.

Арсенал кој важеше за клуб кој многу се ценка и тешко дава големи пари за играч, направи рекорден трансфер откако за 64 милиони евра го купи Обамејанг од Борусија Дортмунд.

Повеќе од цела Италија потрошија и Манчестер Сити (Лапорт 65 милиони евра) и Ливерпул (Ван Дајк 85 милиони евра). 

Барселона само со купувањето на Кутињо потроши повеќе од тројно од сите италијански клубови заедно. А клубовите од Ла Лига пазаруваа за вкупно 271 милион евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани