Скомина многу се разочарал кога си ги видел грешките

by
1 минути читање

На Рома и фалеше само еден гол за да го изедначи резултатот од Енфилд. Можеби резултатот на мечот ќе беше поинаков ако ги добиеја двата пенали кои требаше да им бидат досудени.

Прво на Един Џеко му беше свирен офсајд во моментот кога Кариус го сруши во шеснаесетникот, иако офсајд не постоеше. Втората спорна ситуација е кога Арнолд блокираше шут на Ел Шарави, топката одеше во голот, не само што требаше да биде досуден пенал, туку играчот на Ливерпул ќе добиеше и црвен картон.

Италијанскиот новинар, Танкреди Палмери открива дека Скомина бил многу разочаран откако си ги видел грешките.

„Судијата Скомина во соблекувалната по мечот беше крајно разочаран откако си ги сфати грешките, призна дека погрешил“, вели Палмери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани