Шампионот на
Македонија, Вардар во неделата без многу проблеми славеше во дуелот со Шкендија
во натпревар од првенството и направи исчекор кон нова титула.
Но избраниците на
Седлоски сега се пред елиминација од купот откако попладнево загубија од истиот
противник во првиот дуел од полуфиналето.
Шкендија успеа да
го надигра противникот и со 1-3 да победи и со една нога веќе е во финале.
Резултатот го
отвори Ибраими во 26. минута со прекрасен гол од слободен удар од 30 метри.
Истиот играч од
пенал донесе предност од 0-2 во судиското надополнување на првиот дел.
Во 51. минута,
Фелипе со удар од белата точка намали на 1-2 и ја врати надежта во редовите на Вардар.
Сепак, гостите во
76. минута по еден брз против напад одново ја затресоа мрежата на Алексовски за
1-3 и голема предност пред реваншот.