Шкендија се одлепи од Вардар

by
1 минути читање

Вардар е во криза веќе подолго време, Шкендија го користи тоа и сега е осамена на врвот со три бода повеќе.

Шкендија со 2-1 го победи Работнички на Филип Втори, тетовскиот тим поведе во 20. минута со гол на Емини, но само осум минути подоцна Пеев изедначи на 1-1.

По шест минути игра во вториот дел Мици го враќа водството на Шкендија и ги поставува конечните 2-1.

Вардар се прикажа во лошо издание на Чаир каде што загуби со 1-0 од Шкупи. Единствениот погодок беше дело на Сержињо во 56. минута од натпреварот.

Со 1-0 победи и Силекс против Академија Пандев. Погодокот беше постигнат уште во 13. минута а стрелец беше Георгиев.

Најубедливата победа на остварија Македонија Ѓорче Петров која со 4-1 славеше против Беласица во Струмица. Гол шоу имаше Кировски кој постигна хет-трик, еден гол беше дело на Да Силва. Милушев стрелаше прецизно за Беласица.

Ренова со пресврт дојде до триумд од 2-1 над Победа. Прилепчани поведоа со гол на Танушев, но Стојановски и Гафури донесоа три бода за тимот од Џепчиште.

По 14 одиграни кола прва е Шкендија со 31 бода, пред Вардар со 28, следува Академија Пандев со 22, Ренова со 19, Победа и Работнички имаат по 17, Македонија Ѓорче Петров 16, Шкупи има 15 и Силекс и Беласица по 14.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани