Шкендија казнета за инцидентот со Вардар, шест натпревари без публика

by
0 минути читање

Шкендија се најде на „тапет“ за инцидентот од минатата недела на дуелот со Вардар во Купот на Македонија, кога навивачи влетаа на терен по дуелот на капитените Грнчаров и Хасани.

Фудбалската Федерација на Македонија се реши за ригорозна казна од шест натпревари без публика.

Тоа значи дека Шкендија до крајот на сезоната, а и на почетокот од следната ќе игра без поддршката на своите најверни навивачи.

Клубот од Тетово исто така доби и парична глоба од 1.200 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани