Скаути на Барса, Јунајтед, Челси, Јуве и Монако го следеа дуелот Аталанта-Лацио и имаа што да видат (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Бјанкочелестите“ изминатово лето одбија 70 милиони евра за услугите на 22 годишнитот фудбалер од средниот ред, но само прашање на време е кога тој ќе биде продаден.

Се најавуваат понуди од 100 милиони евра, па Лацио ќе биде ставен во тесно кога на адреса на Сергеј Милинковиќ Савиќ ќе пристигне нова понуда од голем клуб.

Според Медиасет, вечерва на трибините во Бергамо беле скаути на Барселона, Манчестер јунајтед, Челси и Монако а камерите го уловија и директорот на Јувентус, Фабио Паратичи.

Тие имаа што да видат откако Србинот постигна два погодока и помогна некоговиот Лацио да се избори за реми од 3-3 против Аталанта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани