220
Атлетико Мадрид одлучи формално да се пожали до ФИФА за случајот со Антоан Грзиман откако во јавноста излегоа информации дека Барселона преговарала со неговата фамилија.
Шпанските медиуми излегоа со вест дека претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу се сретнал со таткото, мајката и сестрата на Гризман. Бил на вечера, а таткото на Антоан е и негов агент.
Ваквите информации не ги негираше човекот за односи со јавност на Барселона, Гилљермо Амор кој на прашањето дали Бартомеу се сретнал со фамилијата на Гризман рече дека можеби имало некаков контакт.
Ваквата изјава е и повод на Атлетико Мадрид за тужба на Барселона која може да добие казна забрана за купување на фудбалери во два преодни рока.