Скандал во Хрватска: Судија му „помогна“ на Динамо Загреб да ја елиминира Ријека, па му се смеел во лице на поразениот тренер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Динамо Загреб на
Аријан Адеми успеа да се пласира во големото финале од Купот на  Хрватска откако во полуфиналето со 3-0 беше
подобар од Ријека на Леонард Жута.

Доста
контроверзен меч во Загреб кој го привлече вниманието на целиот фудбалски
регион, и тоа најмногу поради делењето на правдата која ја имаше Марио Зебец.

Дури три пати
беше оштетена Ријека на овој мачин, па со тоа на некој начин и се реши
победникот, меѓутоа, имало и трето полувреме, доста дискутабилно.

Не е во ред
судијата да ми се смее во лице по вакво нешто, тоа го велам од причина да се
заштитат принципите во оваа игра, би сакал овој судија да суди на Светско или
Европско првенство
“ рече револтираниот тренер на Ријека, Матијаж Кек.

Една од спорните
ситуации е моментот во втората минута од второто полувреме кога исклучен беше
Брдариќ откако заработи втор жолт картон на средбата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани