66
Челниците на Серија А ја
прифатија понудата на шпанската компанија „Медијапро“ во висина од 1,05
милијарда евра (по сезона) за правата од ТВ преносите од натпреварите во наредните три
сезони.
Понудата на Скај Италија
беше ниска во однос на Медијапро, па токму втората беше поприфатлива за нив.
Медијапро е
мултимедијална групација основана во 1994. година во Барселона. Се занимава и
со филмска и телевизиска продукција, а во своето сопствеништво има и два
медиуми, како онлајн магазинот „Публико“, како и „БеИН Спорт“.