Очајно издание на
„Топчиите“ на Вембли, избраниците на Арсен Венгер не пружија речиси никаква
борба па Манчестер Сити лесно славеше со 3-0, иако победата можеше да биде
изразена и со некој гол повеќе.
Арсенал имаше
добра двојна шанса на почетокот од мечот кога Браво спречи Вокер да си постигне
авто-гол, а го одбрани и обидот на Обамејанг, но потоа клубот од Северен Лондон не
направи ништо.
Една наивна игра
во одбраната придонесе исфрлената топка на Браво од пет метри да стане
асистенција за Аугеро, кој во 18. минута рутински го лобуваше Оспина за водство
од 1-0.
На стартот од вториот дел во листата на стрелци се запиша и Компани,
дефанзивецот одлично следеше една акција од корнер и во право време постави нога за да го
измами Оспина за 2-0.
Сите дилеми ги
реши Давид Силва, кој во 65. минута од косо по земја биеше прецизно за 3-0.