Сити и јунајтед во битка за потписот на Шкриниар, Интер одби 60 милиони евра!

by
1 минути читање

23 годишниот
Словак од редовите на италијанскиот прволигаш Интер, Милан Шкриниар идната
сезона ќе игра во групите од Лигата на шампионите со својот тим, но, тој е на радарот
на повеќе европски гиганти, па останува отворено прашањето дали неговиот клуб
на крајот ќе оддолее на високите понуди за него ова лето.

Според
информациите кои ги пренесоа дел од италијанските медиуми, шампионот и
вицепрвак на Англија, односно Манчестер Сити и Манчестер јунајтед водат голема
битка за потписот на Словакот, а обете екипи веќе имале и испратено примамлива
понуда во висина од цели 60 милиони евра, истите биле одбиени од тимот од
Милано.

Познато е дека
Интер треба да подмири одредени финансии за да не го прекрши финансискиот
фер-плеј, потребни му се околу 40 милиони евра до крајот на идниот месец за да
избегне пенали од УЕФА, а таа сума беше многу поголема, но падна по продажбата
на Кондогбија во Валенсија за 25 милиони евра.

Што се однесува
до Шкриниар, тој има важечки договор со Интер до 2022. година, а во клубот
дојде од Сампдорија ланското лето за 20 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани