Сити го има најскапиот состав, но не е сè во парите, доказ за тоа се Евертон и Кристал Палас

by
2 минути читање

„Граѓаните“ оваа
сезона можат да ја завршат со освојување на четири трофеи, избраниците на Пеп
Гвардиола се во игра за Премиерлигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Лига
Купот.

Но за ваков
историски успех потребни се и историски вложувања, Интернационалниот центар за
спортски студии пресметка дека Манчестер Сити потрошил рекордни 878 милиони
евра за да го креира овој состав.

На второто место
е уште еден голем трошаџија, ПСЖ има инвестирано 805 милиони евра во тимот во
кој главна ѕвезда е Нејмар, светки рекордното засилување од 222 милиони евра.

Зад нив се
Манчестер јунајтед (со 747 милиони евра) и Барселона (со 725 милиони евра) а во
Топ 5 уште се најде и Челси (со 592 милиони евра).

Но дека не е сè
во парите доказ се Евертон и Кристал Палас. „Карамелите“ во својот состав имаат
инвестирано 365 милиони евра, што е за два милиони повеќе од Баерн Минхен.
Успехот и резултатие кои ги бележат двата тима во никој случај не можат да се
споредат.

Слична е и
компарацијата помеѓу Кристал Палас и Наполи. Клубот од Англија има вложено 225
милиони евра, или 21 милион повеќе од „Наполитанците“. И додека избраниците на
Сари се борат за титула во Серија А, Кристал Палас грчевито се бори да обезбеди
опстанок во Премиерлигата.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани