Сите зборуваат за црвениот картон на Мартинез, требаше ли да го добие!? (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Манчестер Јунајтед синоќа на Олд Трафорд доживеа пораз од Лидс со 1-2, а она за кое се зборува е црвениот картон на Лисандро Мартинез кој го доби по десет минути игра во второто полувреме.

Лисандро Мартинез го повлече Калверт Луин за косата, но тоа не траеше ни една секунда, изгледаше како многу благо повлекување, но судијата реши да му покаже црвен картон.

Фановите на Јунајтед се бесни, сметаат дека немаше црвен картон. А со нив се согласуваат и повеќето од фудбалските критичари.

„Тој се стреми кон топката и паѓајќи се обидува да се фати за нешто и се фати за задниот дел од косата – може да му била косата или нешто слично. Го држи околу половина секунда. Не мислам дека некој фудбалски навивач, тренер или играч мисли „тоа е црвен картон“. Сите го гледаат тоа и си мислат „ајде де, тоа не е црвен картон, однесувајте се добро“, вели Џејми Карагер.

Слично како него размислуваат и останатите, речиси и нема некој кој што вели дека тоа е црвен картон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×