Сите рекорди кои Солскјер ги урна откако седна на жешкото столче на Манчестер јунајтед во декември

by
2 минути читање

„Ѓаволите“
сезоната ја започнаа очајно, Жозе Мурињо влезе во расправија со неколку играчи
па тоа предизвика Манчестер јунајтед да го забележи најлошиот старт во последните
27 години.

На средината од
декември, „специјалниот“ доби отказ а на негово место беше назначен Оле Гунар
Солскјер. Норвежанецот се врати на „Олд Трафорд“ за да го гасне пожарот и беше
гледан како привремено решение, додека Покетино, Зидан, Алегри и уште
некои други имиња беа посочувани како главни кандидат за кормилото.

Сепак, Оле Гунар
Солскјер го препорди тимот, ја врати насмевката кај играчите, пред се кај Пол
Погба, па Манчестер јунајтед почна да реди победи но и да игра убаво. Норвежанецот
се уште нема пораз во првенството на 11 натпревари, забележа дури девет победи
и собори неколку рекорди.

Во јануари, тој
стана првиот тренер во историјата на Манчестер јунајтед кој победил на своите
први шест натпревари, надминувајќи го постигнувањето на легендарниот Сер Мат
Базби.

Кога „ѓаволите“
го совладаа Брајтон, Солскјер се изедначи со Карло Анчелоти (Челси) и Пеп
Гвардиола (Манчестер Сити) со триумф на првите шест меча како тренер во
Премиерлигата. Тој можеше да испише историја и да стане првиот тренер кој
победил на првите седум меча во Премиерлигата, но Барнли се избори за 2-2 на
Олд Трафорд и спречи историја.

Со ремито од 0-0
против Ливерпул, Солскјер собра најмногу поени од првите десет меча во
Премиерлигата. Со 26 бодови, тој го надмина постигнувањето на поранешниот
тренер на Челси, Гус Хидинк.

Манчестер
јунајтед синоќа покажа карактер и иако беше десеткуван поради големиот број на
повреди, славеше со 1-3 на незгодното гостување кај Кристал Палас. Ова значеше
и нов рекорд, со оглед на тоа дека „ѓаволите“ за прв пат победуваат на осум
гостувања во низа. Претходно рекордот го држеше Сер Алекс Фергусон (7
натпревари) кој помина 26 години на чело на клубот.

Па не е случајано
тоа што навивачите сакаат Оле Гунар Солскјер да продолжи и според пишувањата на
медиумите од Англија, тој е прв фаворит за тренерското столче.

ЕСПН повикувајќи
се на свои извори вечерва пренесе дека Норвежанецот е единствениот сериозен кандидат, и во
моментов Манчестер јунајтед нема остварено контакт со ниту едно друго име. Звучните
имиња како Покетино и Алегри сега се во втор план, бидејќи лидерите на клубот се
импресионирани од она што го сработи Солскјер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани