„Кралевите“ вчера
испуштија предност од два гола на гостувањето кај Виљареал во натпревар кој
немаше резултатско значење и служеше само како проба пред дуелот со Ливерпул во
финалето од Лигата на шампионите.
Натпреварот го
одбележа Лука Зидан, кој од својот татко доби шанса да дебитира за Реал Мадрид.
Младиот голман беше сосема солиден се до финишот од мечот кога направи грешка и
му дозволи ка Кастиљехо лесно да ја затресе неговата мрежа.
Но тој не беше
единствениот виновник за овој гол, од повторената снимка се гледа колку
катастрофално реагираше Марсело. Левиот бек си ја местеше фризурата, и кога се
освести имаше комичен обид за офсајд стапица. Навивачите на Реал се надеваат
дека Бразилецот ќе биде максимално сконцентриран во Киев со оглед на тоа дека ќе треба
да се справува со Мохамед Салах.
Said before that Marcelo will struggle with Salah and here you can see why.. pic.twitter.com/IAodLAsZKd
— George (@George___Owen) May 19, 2018