932
Луис „Луј Буфон“ синот на легендарниот Џанлуиџи Буфон го запиша своето деби во второлигашот Пиза кој води битка за место во најдобрите во Серија А.
Помладиот Буфон не е голман како неговиот славен татко и игра на позицијата лево крило.
Интересно е што тој се одлучи да настапува за репрезентацијата на Чешка од каде што потекнува неговата мајка.
На теренот во дресот на Пиза влезе во 84. минута во натпреварот против поранешниот член на Серија А Специја.
Натпреварот на крајот заврши со победа на Специја од 2-3, а Пиза и понатаму е второпласирана со шанси да дојде до место во Серија А каде што последен пат играше во 1991 година.