157
Силекс со 3-2 беше поразен од косовскиот тим Малишева во вториот контролен натпревар на подготовките во Банско.
Мартин Мирчевски и Илија Донов беа стрелци за кратовскиот тим на овој натпревар.
Ова беше и последен меч за Силекс на подготовките во бугарскиот рекреативен центар.
Фудбалерите ќе продолжат да тренираат во Кратово до натпреварот од квалификациите во Конференциската лига против Дечиќ.