Oткако претходно денеска Вардар го доби потенцијалниот ривал во второто коло од Лигата на шампионите, сега беа извлечени можните противници на Силекс и Шкендија во квалификациите од Конференциската лига.
Teтовци кои беа во групата на носители, ако слават против тимот на Европа од Гибралтар ги чека натпревар против словенечкиот Браво.
Силекс пак кој ќе има потешка задача против белорускиот Динамо Минск за потенцијален ривал го доби тимот на Нефчи од Азербејџан.
Натпреварите се играат на 23 јули и 30 јули.
Вардар исто така може да биде дел од второто коло во ова натпреварување, а тоа ќе се случи ако загуби од Купс во квалификациите од Лигата на шампионите. Во таков случај, црвено-црните за противник би го имале Арарат од Ерменија или Рига од Летонија.