122
36-годишниот српски фудбалер кој настапува за Силекс, Милош Николиќ потпиша нов договор со тимот од Кратово.
Силекс потврди дека ја продолжиле соработката со Николиќ на уште една година.
Тој во клубот пристигна во 2022 година и оттогаш настапи на 80 натпревари во ПМФЛ за Силекс. Иако е централен дефанзивец, има три гола и една асистенција.