117
Последната
генералка пред натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите избраниците на
Ди Франческо ја поминаа одлично. Иако на теренот излезен мешан состав, Рома
постигна три гола и стигна до три важни бода во трката за топ четири пласман.
Резултатот беше
отворен во 33. минута кога Викари си постигна автогол. Наинголан погоди за 0-2
во 52. минута а по еден час игра, Шик ги постави конечните 0-3.
За Чехот, кој минатото
лето беше пред трансфер во Јуве но „Старата Дама“ се откажа поради срцева мана на напаѓачот,
ова беше прв гол во Серија А по пауза од една година, и прв во дресот на Рома
во Калчото.