Швајцарија и Босна и Херцеговина вечерва од 21:00 часот ќе ги одмерат силите во важен натпревар во групната фаза на Светското првенство.
Двете селекции во првото коло освоија по еден бод, па победата во меѓусебниот дуел би значела огромен чекор кон обезбедување пласман во следната рунда од натпреварувањето. Босна и Херцеговина на стартот одигра 1:1 против Канада во Торонто, додека Швајцарија ремизираше со Катар.
Сепак, пред важниот натпревар, во таборот на Швајцарците пристигна непријатна вест. Според информациите од тамошните медиуми, селекторот Мурат Јакин се разболел и поради здравствени проблеми е неизвесно дали ќе може да биде покрај теренот во вечерашниот дуел.
Засега нема официјални информации за неговата состојба, но швајцарските медиуми наведуваат дека неговото евентуално отсуство од клупата би било сериозен удар за репрезентацијата во клучниот момент од шампионатот.