Шкупи не успеа да се „одблокира“ во ФИФА!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Шкупи не успеа да ги среди проблемите со блокадата за трансфери, иако беше најавено дека новите сопственици ќе го решат тоа без проблеми.

Клубот преку официјално соопштение потврди дека поради бирократски проблеми не успеале да ги решат проблемите со исплатата, а со тоа и да се одблокираат пред ФИФА. Ова веројатно значи дека зимските засилувања нема да можат да бидат регистрирани.

ФК Шкупи сака да ги извести фановите и јавноста дека поради бирократски проблеми, не успеавме да го одблокираме трансфер пазарот, иако ги исплативме сите долгови. Како резултат на тоа, клубое нема да може да ги регистрира играчите кои пристапија кон тимот во зимскиот преоден рок“, се вели во соопштението.

Од Шкупи посочија дека не можеа долговите кои клубот ги имаше се вратени. И покрај тоа тимот остана блокиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани