Шкендија в четврток ќе го пречека ирскиот Шелбурн во рамките на главната фаза од Конференциската лига, во натпревар што претставува историски момент за македонскиот фудбал. Тетовчани првпат ќе бидат домаќини на меч од главната фаза на европско натпреварување и ќе ја бркаат првата македонска победа или барем бод во групната конкуренција.
Натпреварот ќе се игра на Арената „Тодор Проески“ и се очекува голема поддршка од навивачите. Шкендија до оваа фаза стигна преку сите квалификациски кола, а на стартот загуби на гостувањето кај шпанскиот Рајо Ваљекано со 2-0, при што остави солиден впечаток.
Следниот противник, Шелбурн, одигра 0-0 со шведскиот Хакен и важи за далеку полесен ривал од Шпанците. Тимот на Јетон Беќири има одлична шанса да ги освои првите бодови на европската сцена, особено бидејќи викендов нема обврски во ПМФЛ и целата концентрација ќе биде насочена кон мечот во Скопје.
Мечот е на програмата во 18:45 часот.