„Сфатив колку бев блиску до смртта, најтешко ми беше поради моите деца“

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Вест Хем Мајкл Антонио кој доживеа сообраќајна несреќа изјави дека е 100% сигурен дека повторно ќе игра фудбал.

Антонио на 7 декември  доживеа несреќа кога со своето Ферари удри во дрво недалеку во Лондон и се здоби со скршеници на неколку места на телото.

„Ќе играм повторно 100%“, изјави Антонио.

Репрезентативецот на Јамајка кој овој месец полни 35 години неодамна пристигнал во депонијата да ги види останките од својот автомобил.

„Имав чудно чувство. Тоа ме на натера да помислам колку сум бил блиску до смрт. Натешко ми беше поради моите деца. Но, ова ме прави повторно позитивен и среќен, бидејќи добив уште една шанса за живот“, изјави Антонио.

Антонио во дресот на Вест Хем одигра над 300 натпревари, а во клубот пристигна во 2015 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани