26-годишниот А.Ф. беше во болница со тешки повреди, имаше нагмечување на мозокот од тепачките на јужната трибина за време на големото српско дерби. Но последните информации велат дека тој е надвор од болницата и префрлен во притворот со останатите негови „соборци“.
Да потсетиме, уапсените Хрвати никогаш не биле навивачи, тие беа изнајмени за да направат нереди на јужната трибина каде се „гробарите“, но поминаа ужасно лошо.
Српските медиуми пишуваа дека Хрвати, но и Грци и Македонци биле ангажирани од одредени навивачи на Партизан во битката за превласт на јужната трибина.
А.Ф. важи за проблематична личност во Хрватска, пред неколку години завршил во затвор откако со својот брат претепале сопственик на ресторан во Хрватска.
Медиумите од Србија пренесоа дека полицијата во собата на најмалиот хрватски државјанин кој учествувал во нередите, 18-годишниот И.Р.М. пронашла писмо наменето за неговата девојка.
„Имам опасна работа, многу опасен ден и затоа ти пишувам бидејќи којзнае како ова ќе се заврши. Можеби ќе добијам малку ќотек, но ќе им дадам многу, многу повеќе. Ние се организиравме 150 луѓе, тие можеби ќе бидат 600. Малку сум загрижен, но не се предавам“, пишува во писмото кое не е пратено, но Србите тврдат дека може да биде клучен доказ дека хрватските хулигани пристигнале во Белград за да прават нереди.
Според српските закони хрватските хулигани можат да добијат и по 12 години затвор.
Фото: Вечерни новости