Скај Спортс
пренесува дека Арсенал е во сериозни преговори за ангажман на ѕвездата на
францускиот прволигаш Ница, Жан Мишел Сери.
Истиот медиум
додава дека челниците на тимот од Лондон начелно веќе имаат постигнато договор
за трансфер на Сери, откако веќе оствариле и средба со неговите претставници.
BREAKING: @Arsenal bosses have held talks with the representatives of @OGCNice star Jean Michael Seri as they consider a formal move. #SSN pic.twitter.com/QUF90j8ngs
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 15, 2018
Ница очигледно
дека нема избор во оваа ситуација од причина што важечкиот договор на
фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска истекува идното лето, па доколку сака
да заработи на евентуална негова продажба, тоа ќе може да го стори во летниот
преоден рок.
26 годишниот Сери
ланскиот летен преоден рок беше на чекор до трансфер во Барселона, но, таа
опција пропадна, извесно е дека Арсенал ќе биде неговиот избор.