Серхи Роберто доби голема казна за црвениот картон против Реал Мадрид

by
1 минути читање

Дисциплинската комиција при Ла Лига строго ги следеше правилата и го казни Серхи Роберто со четири меча суспензија поради црвениот картон добиен на „Ел Класико“ дуелот кога го удри Марсело.

Иако правилата велат дека за намерен удар кон противнички играч суспензијата е четири меча, Каталонците имаат право да бидат бесни.

Тие го посочуваат случајот на Марсело кој доби суспензија од два меча кога удри противнички играч на Леванте и доби директен црвен картон и тоа од истиот судија.

Каталонски „Спорт“ вели дека тоа се два исти случаи но казната е различна.

Сезоната за Серхи Рамос е завршена, тој ги пропушта последните три меча против Виљареал, Леванте и Реал Сосиедад, а ќе го пропушти и првиот дуел од Суперкупот на Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани