Фулам игра
допадлив фудбал во англиската Чемпионшиплига, па нема да зачуди ако идната
сезона ги видиме во елитното друштво од Премиерлигата, а добрите игри беа
следени и од европските гиганти, како Барселона.
Каталонците
фрлиле мерак на 17 годишниот Рајан Сесењон, кој е сензација во Англија откако
на 43 натпревари сезонава постигна 14 погодоци, а игра во дефанзивната линија
на својот тим.
Фулам може добро
да заработи на евентуален трансфер на Сесењон кој има важечки договор со клубот
до 2020. година.
Истовремено,
вреди да се издвои и тоа што дел од медиумите на Островот го пренесуваат, а тоа
е дека Барселона е заинтересирана и за фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ентони
Марсијал, кој е на излезна врата од тимот од Олд Трафорд.
За Французинот,
наводно Барселона подготвува понуда вредна 60 милиони фунти, што би била одлична понуда за размислување
ако се земе во предвид дека Марсијал има договор со Манчестер јунајтед до
идната сезона.