Македонскиот
прволигаш Работнички, во една пригодна свеченост го претстави а воедно и
поздрави новиот спонзор, компанијата „Сеавус“, а од клубот порачуваат дека ова
ќе има значајна улога во растот на клубот во сите сегменти.
„Веруваме дека
овој докажан бренд во бизнисот ќе има значајна улога во растот на клубот во
сите сегменти. Со оваа поддршка се надеваме ќе ја реализираме нашата примарна
цел – достигнување на европските вредности, стандарди и квалитет“ се вели на
официјалниот клупски сајт на Работнички.
По 17 одиграни
натпревари од нашиот најсилен фудбалски шампионат, Дебармаалци со освоени 26
бода се наоѓаат на четвртото место на табелата, со три бода заостанување зад
Академија Пандев на последното место кое води во Лига Европа.
Фото: fkrabotnicki.com