Црвена Звезда
веќе ја имаше обезбедено шампионската титула во овосезонската српска Суперлига,
која синоќа со дуелот против Вождовац на домашен терен се спушти завесата по
победата од 5-1 на домаќините.
Голема прослава
имаше низ улиците на Белград синоќа на која присуствуваа голем број фанови на
Црвена Звезда, но, од прославата можеше да има и последици.
Клупскиот автобус
на шампионот на Србија се запали во моментите додека минуваше низ толпата
фанови кои имаа запалено бакли околу истиот, тие беа во доста непосредна
близина на автобусот, но, српските медиуми пренесуваат дека причината за
пожарот е поради тоа што се користеле пиротехнички средства во самиот автобус.
Фудбалерите и
сите кои беа на автобусот неможејќи на излезат низ вратата скокале од истиот, а
брзата реакција на противпожарните екипи спречила поголеми последици освен
материјални.
(моментот кога се запали автобусот на 3,50)