Елиф Елмас во
Фенербахче пристигна минатиот летен трансфер период, но поради тоа што имаше
само 17 години, тимот од Истанбул мака мачеше како да обезбеди специјална
дозвола за регистрација на фудбалерот, до тоа не дојде, а кога го реши тој
статус, младиот Македонец се најде на мака да добие шанса за докажување, оние
шанси кои ги доби, ги искористи.
Сепак, големата
надеж на македонскиот фудбал се најде на удар на тамошната јавност по оној
крвнички старт кој го имаше врз фудбалер на Бешикташ во меч од младинска
конкуренција на Турција, од тогаш, па наваму, односот на релација Ајкут Кочаман
(тренерот на Фенербахче) и нашиот фудбалер паднаа на доста ниско ниво, до тој
степен, што дури турските медиуми пренесоа во еден момент дека Кочаман не сакал
ниту да го погледне нашиот фудбалер.
Иако во Елмас
гледаа голема иднина, турскиот гигант сега донел голема одлука околу статусот
на нашиот репрезентативец, барем така пренесоа повеќе тамошни медиуми, а истата
вели дека тимот од Истанбул во летниот преоден рок ќе го испрати на позајмица
Елмас.
Се споменуваше
претходно Генчербирлиги, а Елмас требаше да помогне на таа екипа во големата
битка за опстанок во турскиот елитен шампионат, до тоа не дојде во зимскиот
преоден рок, а овој пат, се вели дека Фенербхаче ќе го испрати Елмас на
позајмица во некоја екипа од европските првенства, но, домашниот шампионат не
се споменува.
Доколку се точни овие информации, оваа одлука на Фенербахче доаѓа како изненадувачка од причина што клубот речиси и да не му даде адекватна прилика за докажување на нашиот фудбалер за чиј потпис водеше битка со гигант од типот на Манчестер Сити.
Веста прв ја објави „Фанатик“, а за истата пренесоа и повеќе медиуми во Турција.
milliyet.com.tr
hurriyet.com.tr
haberler.com