Се сеќавате на судијата кој намерно удри фудбалер на Нант? Тој е избран за судија на годината во Франција (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тони Шапрон е
судијата кој за една необична реакција стана доста популарен низ фудбалскиот
свет, за волја на вистината, во негативна конотација, токму 45 годишниот
арбитар беше изгласан за судија на годината во Франција, а многумина едноставно
не можат да поверуваат по инцидентот кој се случи сезонава во тамошниот
шампионат.

Инаку, инцидентот
се случи на мечот помеѓу Нант и ПСЖ, каде фудбалерот на домашниот табор Диего
Карлос во прилика на една контра за гостите, влезе во судир со Шапрон, овој се
сопна од него и падна на теренот, но, се обиде да му возврати, ни помалку, ни
повеќе, туку удирајќи го со ногата.

Ситуацијата до таа мера го изнервира Шапрон што откако стана, му додели жолт картон на Бразилецот од редовите на Нант.

Наводно колегите
на Шапрон, арбитрите во Франција го дале гласот за него во знак на солидарност
како поддршка за него, инаку, Шапрон е моментално суспендиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани