Се продаваат медали од историската сезона на Манчестер сити!

by Стефан
1 минути читање

Сет од пет медали од историската сезона 2022/23 на Манчестер сити се најде на продажба на аукција.

Станува збор за медалите освоени во една од најуспешните сезони во историјата на клубот, кога „граѓаните“ триумфираа во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите, а подоцна ги додадоа и трофеите од УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

Аукцијата ја организира познатата куќа „Бедс“ и ќе се одржи на 28 април во рамки на настанот „Made in Manchester Live“. Почетната цена е поставена на 30.000 фунти, но се очекува сумата значително да порасне и да достигне околу 80.000 фунти.

Од аукциската куќа посочуваат дека станува збор за официјален и редок комплет медали, кој претставува исклучителна можност за сите љубители на фудбалската историја и сериозните инвеститори.

„Ова е навистина уникатна колекција што ретко се појавува на пазарот. Очекуваме силен интерес и жестока конкуренција меѓу заинтересираните купувачи“, велат од „Бедс“.

Во понудата се вклучени медали од сите пет натпреварувања, Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×